Aлександар Васоски го отстрани Крсте Велкоски од екипата на Сараево поради недисциплина и непочитување на правилата, а сега македонскиот стратег ја објасни одлуката.
Во изјавата за медиумите Васоски истакна дека Велкоски згрешил, а правилата се исти за сите, па мора и да ги сноси последиците. Наскоро го очекува повторно да биде со тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Зборувавме цела недела за дисциплината. Крсте згреши и јас го отстранив од тимот поради однесувањето, не е исфрлен од клубот. Јас бев прв што му честитав кога влезе во топ 10 стрелци, меѓутоа исти правила важат за сите. Очекувам наскоро повторно да се врати“, изјави Васоски.