Дома Фудбал ВАР технологијата скокна на помош: Ибра стрелец по 16ти пат во МЛС (ВИДЕО)

ВАР технологијата скокна на помош: Ибра стрелец по 16ти пат во МЛС (ВИДЕО)

Изминатата ноќ МЛС лигата ја одбележа дуелот на екипите од Лос Анџелес.

Победник на мечот немаше, ЛА Галакси одигра нерешено 1:1 со екипата на Лос Анџелес, а единствениот гол за домашниот состав го постигна, Златан Ибрахимовиќ кој во пресрет на овој меч порача дека едноставно е најдобар.

Ибра погоди во 15. минута на асистенција на Камара, но судијата мораше да ја консултира ВАР технологијата, бидејќи еден играч на противничката екипа од гол линијата ја изби топката во поле. Сепак, снимката покажа дека во тој обид малку задоцнил, топката ја преминала гол линијата и погодокот на Ибрахимовиќ е признат.

Тоа е негов 16. погодок во МЛС лигата, вкупно 499. во кариерата, а изедначувањето за ЛА го донесе Карлос Вела од пенал во 51. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…