Дома Фудбал ВАР во главна улога во Мадрид: Реми на Атлетико и Севиља со четири гола (ВИДЕО)

ВАР во главна улога во Мадрид: Реми на Атлетико и Севиља со четири гола (ВИДЕО)

Денес интересен натпревар во 27. коло од шпанската Ла Лига одиграа Атлетико Мадрид и Севиља.

Ова беше дуел на две екипи кој се во горниот дел од табелата, па и се очекуваа возбудувања. Севиља беше таа која прва стигна до предност и тоа во 19. минута преку Де Јонг.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Домаќините до изедначување стигнаа после 32 минути кога по прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Алваро Мората. Само четири минути подоцна Атлетико стигна до целосен пресврт со голот на Жоао Феликс.

Во финишот од првото полувреме повторно ВАР стапи на сцена, но овој пат во корист на Севиља. Пеналот во гол за Севиља го претвори Оскампос.

Шанси видовме и во второто полувреме меѓутоа резултатот не се промени, па двете екипи ги поделија бодовите. По ова реми Севиља останува на третата позиција со 47 бода додека Атлетико е петти со два бода помалку (45). Помеѓу нив е Гетафе си ист број бодови како и Атлетико, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…