Карстен Вархолм од Норвешка постави нов светски рекорд на 400 метри и дојде до златото во оваа дисциплина.
Вархолм успеа да го подобри најдоброто време за цели 75 стотинки. Во една супер трка Реј Бенџамин од САД му беше закана, сепак со новото најдобро време во светот од 45.95 Норвежанецот стигна до олимпискиот трон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бенџамин со 46.17 секунди стигна до среброто, додека бронзата ја освои Алисон дос Сантош со време од 46.72 минути.
„Лудо! Најголемиот момент во мојот животот. Цело време сонував за вакво нешто, напорно работев за да ја исполнам оваа цел“, изјави Вархолм.