Дома Фудбал Англија Варди е најдобар стрелец во Премиер лигата, но нема да оди на Европско

Варди е најдобар стрелец во Премиер лигата, но нема да оди на Европско

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не планира да испрати повик за голгетерот на Лестер, Жејми Варди за престојното Европско првенство, тврдат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа е изненадување бидејќи Варди е во исклучителна форма и во моментов е најдобар стрелец во Премиер лигата со 18 гола. Вистина е дека Англичанецот се откажа од репрезентативната кариера уште пред Мундијалот, но Саутгејт изјави дека вратата за него е отворена.

Во последно време се појавија информации дека Варди ќе биде вклучен во составот, но Саутгејт има други планови. Со сигурност прв избор на таа позиција е Хари Кејн, а Тами Абрахам и Рашфорд исто така се сигурни во тимот.

Калум Вилсон, Дани Ингс и Доминик Калврт исто така имаат шанса да се најдат во тимот кој ќе патува на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роберто Мартинез веќе не е селектор на Португалија, познато кој ќе го наследи

Роберто Мартинез повеќе не го води фудбалскиот состав на Португалија. Оваа одлука ја објав…