Вардар вечерва ја потврди најавената позајмица на Борко Ристовски во германски Лемго.
„Голманот Борко Ристовски во следните два месеци ќе биде член на бундеслигашот Лемго, како позајмен играч. Потоа се враќа во Вардар каде ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Управата на Лемго се обрати до Вардар со молба да им го позајми нашиот голман до крајот на годината со оглед на тоа што нивниот се повредил, а имаат важни мечеви во домашното првенство.
Вардар со задоволство одговори на барањето на Лемго и го ослободи Ристовски, чиј трансфер беше денеска целосно комплетиран и тој до крајот на годината ќе настапува во Бундеслигата. Потоа Ристовски ќе се врати во Скопје каде ќе биде дел од Вардар во пролетниот дел од сезоната.