Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар убедлив против Победа, Итало погоди!

Вардар убедлив против Победа, Итало погоди!

Денес од македонската прва лига беа одиграни три натпревари, Вардар ја пречека прилепска победа, Скопје и гостуваше во Струмица, а Пелистер ги одмери силите со Работнички.

Македонскиот шампин Вардар после поразот од Шкендија ја запиша првата победа во новата сезона и тоа со резултат 4:0.

Црвено-црните одлично го отворија натпреварот, Бергесијан го отвори натпреварот веќе во четвртата минута од средбата. Вардарци продолжуваа да напаѓаат, а добрата игра им се исплатеше во судиското продолжение кога Којашевиќ погоди за зголемување на водството пред крајот на полувремето.

Во вториот дел работите не се променија премногу, а Вардар постигна уште два погодоци со кој стигна до убедлива победа од 4:0. Стрелци на погодоците беа новајлијата Итало и Хуан Фелипе. Вардар во следното коло го очекува градското дерби против Работнички.

Во останатите два натпревари Академија Пандев славеше со 2:0 на домашен против ФК Скопје, а Пелистер и Работнички во Битола одиграа 1:.1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куманово собира 16 ветерански екипи, МКД Мастерс по место во завршницата

Мастерс Куп 2026 се игра на 13 и 14 ноември во Куманово. Домаќинот МКД Мастерс има три гру…