Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар службено го доби мечот со Мешков и се пласира во осминафинале

Вардар службено го доби мечот со Мешков и се пласира во осминафинале

Ракометарите на Вардар и официјално се дел од осминафиналето во Лигата на шампионите откако службено го добија мечот со Мешков Брест.

ЕХФ го регистрираше натпреварот на црвено-црните и Мешков Брест со службена победа од 10:0 за македонскиот шампион.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


ЕХФ во понеделникот донесе одлука да ги исклучи тимовите од Русија и Белорусија од натпреварувањата под нивна капа, па ова беше очекуван исход.

Ова значи дека Вардар сигурно ќе биде на петото место на табелата без разлика на резултатот во последното коло од групната фаза против Елверум во Скопје.

Противник на Вардар во осминафиналето ќе биде унгарскиот Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арне Слот потврди: Ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона

Ако имаше некакви дилеми, сега повеќе нема – Арне Слот ќе биде тренер на Ливерпул сл…