Аргентинскиот интернационалец Николас Хозе Херанц денес ги засили Вардар и стави потпис на двегодишен договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот ќе биде првиот играч од Аргентина во историјата кој ќе ги брани боите на најтрофејниот македонски клуб.
Херанц има 24 години, и до сега настапувал за аргентинските клубови Розарио Централ и Олимпо. Во Вардар ќе го носи дресот со број 6.
„Потпишав за одличен клуб, и доаѓам во одличен град. Со нетрпение го очекувам мојот прв настап во мојот нов тим. Првите импресии ми се позитивни“, изјави Херанц.