Дома Фудбал Лига на шампиони Вардар пружи отпор, ама не успеа да избегне петти пораз во Европа (Видео)

Вардар пружи отпор, ама не успеа да избегне петти пораз во Европа (Видео)

Македонскиот шампион Вардар вечерва гостуваше кај Зенит во Санкт Петербург во рамки на петтото коло од Лига Европа.

Вардар го загуби и петтиот меч во Европа со 2:1.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако македонскиот шампион за разлика од сите останати дуели досега, одигра на едно солидно ниво, не успеа сепак да постигне погодок ниту пак да го избегне новиот пораз.

Во 16. минута, домашните го отворија резултатот преку Полоз кој постигна одличен погодок. Десетина минути подоцна по прекршок на Новак во шеснаесетникот, Џуба за наша среќа промаши пенал, но затоа пак, вечерва одличниот Ригони во 43. минута го зголеми водството за Зенит, по што се замина на пауза.

Во вториот дел, Вардар го издржа притисокот и покрај шансите кои ги имаше Зенит, успеа одбраната да спречи поголем пораз кој би дал реприза на изданието и мечот од Скопје.

Во финишот на мечот, Вардар упати благ удар кон противничкиот гол по досудениот слободен удар од 20. метри, што беше поволна далечина.

Сепак, Вардар на крајот успеа да го ублажи поразот, па Блажевски се запиша во листата на стрелците во 93. минута.

На крајот од овој меч и по заработен жолт картон, Хамбарчумјан ја заврши европската бајка за оваа сезона и нема да настапи на последниот меч против Розенборг во Скопје на седми следниот месец.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома објави нови информации за фудбалерот кој колабираше на теренот против Удинезе

Фудбалерот на Рома, Еван Ендика, кому му се слоши на натпреварот против Удинезе, добил лек…