Кил е последната пречка за Вардар пред нов настап на Ф4 турнирот во Келн. Денеска, на реванш натпреварот од 1/8 финалето со Пик Сегед, Кил беше минимално поразен во Унгарија (27:28), но имаше голема предност од седум гола разлика (29:22) од првиот натпревар и се пласираше во 1/4 финалето, каде што го чека македонскиот и европски првак Вардар.
Пласман во 1/4 финалето и дуел со Скјерн си обезбеди и Нант. Французите одиграа нерешено 28:28 на домашен терен со сехалигашот Мешков Брест. Кирил Лазаров пласманот во 1/4 финалето го заокружи со 2 гола од 7 обиди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на поразот од 17:41 на првиот меч, РНЛ на денешната средба со Келце ќе игра ревијален натпревар.
Парови за 1/4 финале:
КИЛ – ВАРДАР
КЕЛЦЕ – ПСЖ
ФЛЕНЗБУРГ – МОНПЕЉЕ
НАНТ – СКЈЕРН
Дуелите од четвртфиналето се закажани во периодот од 18 до 22 април, а реваншите една недела подоцна во периодот од 25 до 29 април.