Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар пред банкрот: Сите играчи се отпуштени, клубот може да згасне

Вардар пред банкрот: Сите играчи се отпуштени, клубот може да згасне

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се наоѓа во голема финансиска криза и денес ги ослободи сите фудбалери.

Вардар е пред распад и сите играчи се слободни да си бараат нови клубови, бидејќи клупската каса е празна.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Клубот должи 3 милиони евра, нема нов инвеститор, а Самсоненко најавува исплата на рати во иднина.  Тој се повлече од финансирање на клубот пред неколку месеци, а тоа резултираше со недобивање на европска лиценца.

На сите вработени во Вардар, од клубот преку кампот и Академијата им се сменети договорите од неопределено, на определено времетраење од три месеци.

Клубот е пред банкрот, а тренерот Васоски апелира да се изнајде можност и да се спаси Вардар.

„Вардар е на апарати, едвај дише, би сакал да апелирам да не ги исклучуваат, затоа што македонскиот фудбалски бренд треба да се спаси. Фудбалерите и стручниот штаб чекаат разрешница на ситуацијата во клубот, се надеваме дека ќе биде позитивна. Не би сакал ни да помислам дека ФК Вардар, најголемиот бренд на македонскиот спорт, би можел, не дај Боже, да биде префрлен во четвртата лига, поради можен банкрот“, изјави Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…