Европскиот шампион Вардар не успеа да го чекира билетот за четвртфинале и беше поразен од Нант (27:26), но се уште ја има судбината во свои раце.
Вардар во текот на целиот натпревар играше под своето ниво и бркаше негатива. На крајот се врати го голем стил, но не успеа да направи комплетен пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонскиот тим се разбуди во последните 10-та минути од мечот кога од негатива од седум гола се врати во серија од 6-1 за неизвесен финиш, па стигнаа до 27-25. Шишкарев погоди за 27-26, но згреши Борозан и пропадна можноста за пресврт.
Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Гурбиндо со осум и Балагер со шест гола. Кај Вардар се истакнаа Дибиров и Циндриќ со по четири гола.