Вардар го одигра претпоследен натпревар во регуларниот дел од сезоната во СЕХА-лигата или  последен кој ќе го одиграат на гостински терен. Вардаци гостуваа во Нови Сад, кај екипата на РК Војводина, натпреварот го добија нашите момци со резултат  32-36 (13-17).

На почетокот ракометниот клуб Вардар поведе со 0-2, домаќинот се врати во продолжение и намали на 2-3 во 6.минута преку Трифковиќ. Се играше борбено,Вардарци водеоа со еден два гола се до 17.минута кога се одлепија прв пат на “плус три“, 7-10. Со таа предност по постојана игра гол за гол влегоа и во 29.минута кога на семафорот стоеше  12-15, набрзина преку Карачиќ и Македа Вардар постигна два гола за плус пет, 12-17. Домаќинот во последниот напад реализираше и на одмор заминавме со резултат 13-17 во корист на избраниците на Раул Гозалес.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Вториот дел со гол го отвори Лука Циндриќ кој зголеми на пет гола позитива, 13-18 во 32.минута од овој натпревар. Победникот на пет минути беше познат. Се до крајот беше рутина 32-36 за Вардар

Кај Вардар Лука Циндриќ имаше 7 гола,  а по 5 пати погодија Хорхе Македа и Игор Карачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…