Вечерва во 20:45 часот Вардар ќе го игра вториот натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен, а противник ќе биде екипата на Порто.
За Порто како што е познато настапува македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и тој во овој дуел влегува после одличниот настап на голот на португалскиот тим во минатото коло, неговата бравурозна интервенција беше главна тема во ракометниот свет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За овој меч Вардар многу веројатно ќе биде ослабен. Лекарскиот тим на црвено-црните имаше напори, но сепак по се изгледа дека Алушовски не ќе може да смета на Дисингер. Дисингер се повреди во победата против Флензбург во минатото коло.
Кога е досегашниот биланс во прашање Вардар и Порто имаат одиграно два натпревари и тие беа минатата сезона. Вардар дома славеше со 32:27, а на гости македонскиот тим изгуби со 30:22.