Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар од +5 на полувремето на крајот изгуби од Веспрем

Вардар од +5 на полувремето на крајот изгуби од Веспрем

Maкедонскиот ракометен шампион Вардар денес во натпревар со две лица запиша пораз од тимот на Веспрем во Лигата на шампионите.

Вардар одигра две различни полувремиња и на крајот го изгуби натпреварот со два гола разлика. Во првото полувреме на голот го македонскиот тим го имаше фантастичниот Дејан Милосаваљев, но во второто полувреме противникот пронајде лек.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На почетокот на натпреварот се до 8:8 се играше изедначен. Тогаш Милосављев обрани две топки и Вардар направи предност од два гола разлика. Слеуваа технички грешки на Унгарците после што Вардар направи предност од 12:9. Тогаш Давид Дејвис повика тајм-аут.

До полувремето Вардар не дозволи на Веспрем да се доближи и замина со предност од 16:11.

Во второто полувремо комплетно друга слика на теренот. Веспрем беше далеку подобар противник и вторите 30 минути ги доби со 18:11. За конечни 27:29.

Со оваа победа Веспрем дојде до втората позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…