Дома Фудбал Останато Вардар не успеа да го поправи впечатокот: Шпанците глатко до нови три бода (Видео)

Вардар не успеа да го поправи впечатокот: Шпанците глатко до нови три бода (Видео)

Шпански Реал Сосиједад и повторно поуспешен од нашиот Вардар.

Имено, и покрај фаворитската улога на Сосиједад, избраниците на Чеде Јаневски заминаа за Сан Себастијан со цел да го поправат впечатокот од првиот очаен меч во Скопје.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, и тоа остана уште една неуспешна мисија.

Реал го отвори мечот во 31. минута од мечот со погодкот на Хуанми. Со предност од 1:0 домашните заминаа на паузата.

Во вториот дел Вардарци не успеаа да го срушат отпорот. Вториот погодок беше постигнат од Де Ла Бела во 69. минута, а третиот погодок со кој се поставија конечните 3:0 беше дело на Џон во 81. минута.

Во останатите дуели од вечерниот термин Арсенал одигра реми без погодоци против Црвена Звезда на домашен терен. Атлетик Билбао славеше со 1:0. Келн убедливо славеше против Бате Борисов со 5:2. ФКСБ и Хапоел Бер Шева одиграа 1:1, Гимараеш славепе против Марсеј со 1:0. Зорија на гости загубо против Херта со 2:0. Лацио триумфираше над Ница со 1:0, Плзен пак, против Лугано со 4:1. Во нашата група Розенборг и Зенит одиграа 1:1. Без погодоци заврши мечот против Салзбург и Конијаспор. Варегем пак кај Витесе на гости во последниот меч беше поуспешен со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…