Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар не е само обичен клуб и спас мора да има!

Вардар не е само обичен клуб и спас мора да има!

Се надеваше македонската фудбалска јавност и навивачите на Вардар дека Благо Георгиев ќе биде спасителот на македонската фудбалска гордост, но тоа не се случи и во Вардар ситуацијата е алармантна.

Вардар должи три милиони евра, Самсоненко се откажа од финансирањето на клубот пред неколку месеци, а „Град Скопје“ со толкав долг не беше во можност да го превземе клубот. Беше побарано клубот да има чисти сметки за градот да го превземе.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дека ситуацијата е лоша потврдија и дел од играчите и тренерот Васоски кои апелираа дека македонскиот фудбалски бренд не смее да згасне.

Договорите на играчите се променети на времетраење од три месеци и тоа е јасен знак дека работите не одат во добра насока.

Вардар не е само обичен клуб, Вардар е дел од фудбалот во Македонија и тешко може да се замисли ситуација во која тој не би постоел. Црвено-црните низ историјата приредувале големи радости и во Скопје носеле европски гиганти како Бордо, Рома, Шалке, ЦСКА…Од соблекувалните на Вардар излегле бројни македонски легенди.

Замислете ситуација во која Вардар не би бил дел од првата лига? Да, навивачите на лутите ривали можеби посакуваат такво нешто, но оние неутралните сигурно не. Вардар е нешто посебно за целата држава и не смее да се дозволи да загасне.

Затоа преку овој краток текст ние како луѓе кои го сакаат спортот се приклучуваме кон апелот на играчите и раководството да се најде решение и да се помогне на клубот кој многу значи за оваа држава!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…