Европската ракометна федерација денеска ги објави точните термини за одигрување на четвртфиналните средби од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вардар како првопласиран во групната фаза ги скокна мечевите од осминафиналето, а последна пречка за Ф4 ќе биде германски Кил.
Вардар на 22. април му гостува на Кил со почеток од 17 часот, а реваншот се игра седум дена подоцна во истиот термин.
Термини за четвртфинале
Први натпревари
18 април: Флензбург – Монпелје (19 ч.)
21 април: Кјелце – ПСЖ (16)
22 април: Кил – Вардар (17)
22 април: Нант – Скјерн (19)
Реванш натпревари
28 април: ПСЖ – Кјелце (17,30)
29 април: Скјерн – Нант (16,50)
29 април: Вардар – Кил (17)
29 април: Монпелје – Флензбург (19)