Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар испадна во Втора лига!

Вардар испадна во Втора лига!

Најтрофејниот македонски клуб Вардар од денес и официјално е второлигаш.

Вардар загуби на гостувањето во Струга (1:0) во рамките на 32-то коло, резултат кој ги носи „црвено-црните“ еден ранг подолу.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Струга успеа да го победи најтрофејниот македонски клуб со голот на Алтипармаковски и се наоѓа на третото место на табелата па ќе се бори за излез во Европа.

Испаѓањето на Вардар во Втора лига е само кулминација на хаосот кој владее во најтрофејниот македонски клуб.

Вардар и во 2011 година испадна од првата лига, но тогаш административно беше спасен откако се фузира со Миравци.

Пред неколку години Вардар играше и во групната фаза од Лига Европа, но во последно време е во лоша финансиска состојба и со многу долгови.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Албанија може да биде казнета: УЕФА отвори истрага!

Поради однесувањето на навивачите пред, во текот и по натпреварот против Италија, УЕФА отв…