Вардар вчера беше поразен од Веспрем, црвено-црните добро го започнаа натпреварот, но не успеаа да го задржат силниот ритам кој го наметна унгарскиот претставник и тоа на крајот резултираше со висок пораз.
Веспрем од Скопје си замина со 22:30 и Вардар го очекува скоро невозможна мисија во реваншот на гостински терен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ракометарите освен тие почетите 15-тина минути потфрлија, но тоа не може да се каже и за публиката која од почетокот до крајот навиваше за своите миленици. Освен тоа навивачите не ги оставија играчите и десетина минути по завршувањето на натпреварот се пеаа песни.
Таквото навивање беше забележано и од страна на ЕХФ.
WATCH: Their team may not have won, but the @HCVardar fans created a fantastic atmosphere and filled the arena with their passionate support #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/PayNdhEjtq
— EHF Champions League (@ehfcl) March 31, 2022