Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар играше храбро, но сепак Кил заминува со победа од Скопје

Вардар играше храбро, но сепак Кил заминува со победа од Скопје

Вардар вечерва во Скопје на домашен терен го одигра натпреварот против Кил во Лигата на шампионите.

Од почетокот Вардар започна со добра игра посебно во одбрната тешко постигнуваа голови ракометарите на Кил, Томовски на голот беше фантастичен. Се покажа дека со право Вујовиќ му дава денес шанса пред Борко со оглед на тоа што пред да дојде во Вардар Томовски бранеше во германското првенство.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Томовски беше одличен, меѓутоа нападот не реализираше се, па затоа Вардар не успеваше да направи разлика поголема од еден гол. За плус два црвено-црните пропуштија најмалку 3-4 прилики во првите 20 минути игра. Во последните пет минути од првиот дел Вардар влезе со предност од 10:9. Конечно на плус два Вардар дојде во 28. минута (12:10). Повторно Томовски ги спречи Германците да погодат, па во последните секунди Вардар дојде и до највисоките до тој момент три гола предност со кои замина на полувреме (13:10).

На почетокот од второто полувреме во првите 6-7 минути игра Вардар направи и разлика од четири гола (15:11). Сепк од тој момент Кил започна да реализира, а следеа минути во кои Вардар промаши неколку прилики. Поради тоа во 42. минута Кил после подолго време дојде до водство (18:19).

Томовски го немаше ритамот од првото полувреме, во првите 15 минути од второто полувреме додаде само уште две одбрани. Па Вујовиќ на голот го испрати Борко. Во тој период од мечот Кил одржуваше предност од два разлика (20:22). Не помогна и тајм-аутот, Кил дојде на предност од три гола на 12 минути до крајот, доби и напад за највисоки четири гола, но за среќа Борко тогаш ја запиша првата одбрана па остана 20:23.

Следуваа минути во кои Борко собра запиша уште две одбрани, но тоа не беше искористено во нпдот, па затоа и во последните пет минтуи Кил влезе со тие три гола предност (23:26). Стигнуваше Вардар на минус два во последните минути меѓутоа и покрај исклучувањата во редовите на Кил не успеа ништо повеќе. Па на крајот Кил ја однесе победата со конечни 26:29.

Дибиров кај Вардар беше најефикасен со девет гола. Томовски го заврши натпреварот со 14 одбрани, Борко со три.

За Вардар ова беше трет пораз во низа во Лигата на шампионите откако претходно подобри од црвено-црните беа Монпелје во Скопје и Алборг на гостински терен.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…