Европскиот гигант Барселона во недела му гостува на Вардар во салата „Јане Сандански“ во натпревар од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот тим го очекува „пеколна атмосфера“, а капитенот Стоилов тврди дека Вардар знае како се победува Барселона.
Барселона е мотив плус за секоја екипа. Ова ќе биде дуел каде ќе решава борбеноста и затоа ќе мора да дадеме се од себе, тактички добро се познаваме. Тие знаат дека ги очекува пекол и нема да им биде сеедно. Играме пред наша публика. Знаеме како треба да се игра за да се победи Барселона. Имаме искуство и тоа ќе биде интензивен дуел и ако успееме да дадеме максимум може да очекуваме и позитивен резултат“, изјави Стоилов.
„Играме со многу тежок противник. Можам да кажам дека Барселона игра подобро од минатат сезона и ќе ни треба многу напор да стигнеме до поволен резултат. А до него можеме да дојдеме и со помош на нашите верни навивачи кои ќе ги исполнат трибините. Барселона има големи амбиции и секогаш се стреми кон завршниот Ф4 турнир. Ние сме подготвени, а како ќе функционираме на теренот ќе видиме в недела“, истакна тренерот Парондо.
Фото: РК Вардар