Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар експресно реагира: Чедомир Јаневски главен кандидат за наследник на Седлоски

Вардар експресно реагира: Чедомир Јаневски главен кандидат за наследник на Седлоски

Утрово главна вест во македонските медиуми е оставката на Гоце Седлоски кој го напушта клубот пред важниот двомеч во плеј-офот од Лигата на Европа во кој Вардар ќе игра против Фенербахче, македонскиот шампион веќе има идеја за негов наследник.

Искусниот Чедомир Јаневски кој работеше и како селектор на македонската фудбалска репрезентација е пред промоција како нов тренер на ФК Вардар. Наводно, соработката помеѓу Јаневски и Вардар веќе е договорена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според последните информации, Јаневски ќе го превземе Вардар веднаш по дуелите против Фенербахче кои се играат на 17 и 24 август, додека против турскиот гигант македонскиот шампион се очекува од клупата да биде предводен  од Александар Васоски.

Освен Чедомир Јаневски за наследник на Седлоски, „срамежливо“ се споменува и името на Ѓоко Хаџиевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…