Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар доби донација од еден милион денари од Општина Кисела Вода!

Вардар доби донација од еден милион денари од Општина Кисела Вода!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го чека баражот против Скопје во кој в сабота ќе игра за враќање во Првата лига, а пред овој дуел фудбалерите и стручниот штаб добиле одлична мотивација.

Имено, Општина Кисела Вода одлучи да помогне на вардарци со донација од еден милион денари. Според најавите, парите веднаш ќе бидат префрлени на сметките на фудбалерите и стручниот штаб пред бараж дуелот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скоро цела сезона фудбалерите на Вардар играа без плата и основни услови за натпреварување, но и во таква ситуација успеаа да завршат на третата позиција со која обезбедија бараж.

Противник во баражот на Вардар ќе му биде Скопје кој ќе игра за остане во друштвото на најдобрите.

Неодамна Вардар доби помош и од Општина Аеродром со тоа што доби дозвола да користат еден од фудбалските терени во општината за тренинзи и натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…