Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го претстави Вања Марковиќ

Вардар го претстави Вања Марковиќ

Фудбалскиот клуб Вардар денес го претстави своето најново засилување, српскиот интернационалец Вања Марковиќ кој потпиша договор на две години со „црвено-црните“.

„Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека во последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. Тимот редовно во квалификациите за Лигата на шампионите, и ова за мене беше понуда која не се одбива. Клубот има голема историја, и можам да кажам дека на Балканот е еден од најголемите клубови“, изјави Марковиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марковиќ е играч за врска, а во Вардар доаѓа од полскиот тим Корона Киелце.

„Пласманот во групите од Лигата на Европа е голем успех за клубот и за самата држава, но верувам дека и таму Вардар ќе се претстави во добро светло. Со победите над Фенербахче видовме дека ништо не е невозможно. Ја следев екипата на тие два натпревари и видов дека Вардар е одлична екипа која има одлични играчи во своите редови. Тактички беше перфектно што значи дека и шефот на стручниот штаб Јаневски имал голем придонес, и мене ми е драго што ќе соработувам со него и со овие играчи. Сега имам три недели да се подготвам за првиот натпревар, јас се надевам дека брзо ќе се вклопам во новата средина и на секој тренинг и на секој меч ќе давам се од себе да ја оправдам довербата, и дека тимот ќе бележи само успеси“, додаде Марковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…