Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го победи Тиквеш за 15. титула шампион на Македонија!

Вардар го победи Тиквеш за 15. титула шампион на Македонија!

На Вардар денес му беше потребна било каква победа против Тиквеш во последниот натпревар за да ја обезбеди титулата во домашното првенство. Избраниците на Дејвис не дозволија изненадување и славеа со 37:25.

Со ова Вардар додаде уште една титула во колекцијата, вкупно 15-та во клупската историја. Зад црвено-црните остануваат Металург и Е.Пелистер со по шест титули. За Вардар ова е втора година во низа како освојува двојна круна во Македонија, а седма по ред во првенството.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од самиот старт беше јасно во каква насока ќе оди натпреварот затоа што Вардар поведе со 7:1. Како што одминуваше времето Тиквеш ниту еднаш не успеа посериозно да се доближи и да ја загрози предноста на фаворитот.

Најдобри кај Вардар беа Дибиров со 10 гола и Талески со седум. Во редовите на Тиквеш Страхиња Симиќ постигна седум, а Јане Јанчев четири гола.

Пред овој натпревар ќе потсетиме Вардар им се заблагодари на играчите кои заминуваат (ТУКА).

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…