Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го изгуби дербито на дното од Воска и остана последен на табелата

Вардар го изгуби дербито на дното од Воска и остана последен на табелата

Екипата на Воска Спорт славеше против Вардар со 1:2 во дербито на дното во рамките од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде што теренот не беше во најдобра состојба. Многу рано, гостите до водство дојдоа по само четири минути игра со голот на Марушиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој гол не ги откажа вардарци кои беа свесни дека ова е еден од најважните натпревари во сезоната. Папули по еден слободен удар беше највисок во шеснаесетникот и ја затресе мрежата по 15 минути игра.

Во продолжение од натпреварот гледавме прилично изедначена игра со по некоја прилика и на двете страни. Една од шансите за Воска искористи Ѓорѓиев кој на 15-тина минути до крајот на натпреварот ги постави конечните 1:2.

Воска со овој триумф дојде до 16 бодови и се наоѓа на осматап озиција, додека Вардар е последен со 11. 

Најголемото изненадување во денешните натпревари го приреди Брера која по добриот старт на сезоната влезе во криза и до денес повеќе од два месеци не знаеше за победа. Денес не победија било кого туку актуелниот шампион Струга Трим Лум со 2:1.

Двата гола домаќините ги постигнаа во првиот дел, а Струга во второто полувреме успеа само да го ублажи поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…