Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар во финишот остана без победа против Шкупи

Вардар во финишот остана без победа против Шкупи

Шкупи и Вардар одиграа нерешено 1-1, дерби во 16 коло во ПМФЛ, тимот од Чаир се спасуваше од пораз во последните минути.

Вардар пропушти голема можност да ги однесе трите бода од теренот на Шкупи. Црвено-црните имаа предност од 77 минута, со голот на Мицевски од пенал, а потоа имаа шанси да ја зголемат предноста. Казнта стигна во 89-та минута кога Дарбо израмни на 1:1.

Шкендија по ова коло ја зголеми предноста во однос на Шкупи на четири бода, откако лесно ја совлада Беласица со 2:0.

Резултати:

Академија Пандев-Борец 2:1
Македонија ЃП-Пелистер 2:1
Работнички-Ренова 3:1
Шкендија-Беласица 2:0
Шкупи-Вардар 1:1
Силекс-Струга 0:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …