Според информациите кои ги пласираше екипа.мк, ЖРК Вардар ќе замине во историјата, со оглед на тоа дека од раководството им било кажано на ракометарките да си бараат нови средини.
Имено, ова потекнува од стратегијата тимот во иднина да продолжи да работи само со млади генерации на женски ракометарки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што е познато е дека доста од ракометарките веќе имаат најава за свое заминување меѓу кои Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ, како и Французинката Лакрабер која е познато дека заминува од следната сезона во редовите на Флери.
Меѓудругото свое повлекување од професионалниот ракомет неодамна најави Андреа Пенезиќ, а во план да ја промени средината е и француската голманка, Амандин Лејно.
Но, она што исто така може да се забележи е дека доста имиња ќе го напуштат и машкиот ракометен состав, кој изминатата сезона се закити со еврппскиот трофеј во ЛШ.
Па оттаму прашањето е, дали сопственикот Сергеј Самсоненко кој се предомисли и одлучи да остане за „љубов кон клубот и навивачите“ во вардаровите екипи, одлучи да ја истера својата првична одлука по пат кој нема да се почувствува?