Дома Фудбал Останато Варан објасни како ќе го чува Меси

Варан објасни како ќе го чува Меси

Францускиот стопер на Реал Мадрид е свесен дека вечерва го чека тешка задача.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Варан ќе мора повторно да го чува Лионел Меси и тоа на „Ноу Камп“. Французинот е свесен дека сам ќе му биде тешко.

Меси не постигна погодок во последниот натпревар на Барселона, но е шесткратен освојувач на Златната топка и успеа да постигне 12 голови на 11 настапи во Ла Лига оваа сезона.

„Тој е посебен играч и не можете да се браните против него како и против другите тимови. Тој има свои карактеристики и мораме да се фокусираме на тимска одбрана. Мораме заедно да се трудиме да му го намалиме просторот“, изјави Варан.

„Ел Класико“ се игра вечерва со почеток во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…