Дома Фудбал Англија Ван Перси се спореди со Санчез: Мене ми беше лесно, во Јунајтед дојдов на готово

Ван Перси се спореди со Санчез: Мене ми беше лесно, во Јунајтед дојдов на готово

Поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси зборуваше за ситуацијата на Алексис Санечез на „Олд Трафорд“.

Чилеанецот во Манчестер Јунајтед пристигна во јануари 2018 година од Арсенал и имаше проблеми со повредите, па на 45 натпревари постигна само пет голови и не ги оправда очекувањата и парите вложени во него.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не ми изгледа среќно, во Арсенал беше среќен во Јунајтед не е. Она што го видов и што го почуствував во изминатите години е тоа дека среќата и тоа како има големо влијание на играта на теренот. Ако си среќен тогаш си веќе 50% спремен. Неговиот проблем веројатно е психолошки“.

„Сега времето е поинакво. Во последните неколку години работите многу се променија. Навивачите преку друштвените мрежи лесно го искажуваат своето мислење, тој е под констатни критики поради неговата плата. Се околу него е негативно, па и тој е негативен и во таква ситуација е тешко да се прикажете во најдобро светло“.

„Кога јас дојдов во Јунајтед не ми беше како што му е на него денес. Јас дојдов во веќе изграден тим со зрели играчи како Фердинанд, Сколс, Видиќ, Гигс, Керик…Во Арсенал бев помеѓу постарите и капитен, а во Јунајтед можев да уживам затоа што другите работи беа средени, практично дојдов на готово. Не размислував за последиците, немав друштвени работи и до мене не допираше никаква негативна енергија“, изјави Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…