Дома Фудбал Останато Ван Перси ги опишува поранешните соиграчи: Видиќ беше војник, Фердинанд добар со топка, Евра зборува корејски…

Ван Перси ги опишува поранешните соиграчи: Видиќ беше војник, Фердинанд добар со топка, Евра зборува корејски…

Робин Ван Перси, легендарниот холандски напаѓач во разговор за „So Foot“ зборуваше за периодот поминат во Манчестер Јунајтед.

Ван Перси на „Олд Трафорд“ стигна во 2012 година од Арсенал и стана миленик веќе во првата сезона во која постигна 26 голови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кој најмногу ме импресионираше од тој тим? Тешко можам да издвојам еден затоа што поголемиот дел од играчите имаа свој стил и тоа многу го ценам“, изјави Холанѓанецот, а потоа издвои неколку играчи.

Немања Видиќ беше војник. Ставаше глава каде што некој би ставил ниту нога. Правеше се за тимот да победи, беше спремен на луди работи. Фердинанд беше нешто поелегантен, добар со топка, силен во скокот и добар во долги топки. Гигс беше пеколен играч, имавте чувство дека секогаш е во зоната во која му одговара. На 39 години беше во одлична дорма бидејќи живееше за фудбалот и се занимваше со јога. Руни беше импресивен, секогаш на високо ниво. Патрис Евра беше голем мотиватор. Знам дека сега објавува снимки по социјалните мрежи со смешна содржина, но тој е голем професионалец и многу интелигентен човек. Па, човекот зборува пет јазици, дури и корејски“, откри Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рагник потврди: Точно е, бев контактиран од Баерн

Toмас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен кој е во потрага по негов нас…