Дома Фудбал Англија Ван Дијк порачува: Изгубивме, но нема простор за паника

Ван Дијк порачува: Изгубивме, но нема простор за паника

Во Ливерпул не се грижат премногу за поразот од Манчестер Сити во вчерашното дерби (2:1).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк место за паника после поразот од Манчестер Сити кој беше прв во сезоната нема.

„Знаевме дека не чека тешка сезона, дека ќе има успеси и падови, а она вчера беше пад. Мораме да продолжиме понатаму и да одговориме на вистински начин, тоа е нешто кое сигурно ќе го направиме“.

„Натпреварот беше напнат. Тие победија и ние сме разочарани, но ќе се сконцентрираме на опоравувањето и припремите за следниот натпревар. Разочарани сме поради поразот, но нема причина за паника“, заврши холандскиот стопер.

Ливерпул во понеделник ќе игра против Вулверхемптон во ФА Купот, а со натпреварите во Премиер лигата ќе продолжи на 12-ти јануари кога ги чека натпреварот против Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…