Дома Фудбал Англија Ван Дијк: Високата цена е комплимент за мојата работа!

Ван Дијк: Високата цена е комплимент за мојата работа!

Најскапиот дефанзивец на светот, Вирџил ван Дијк истакна дека не чувствува притисок поради огромната сума која Ливерпул ја плати за неговиот потпис.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените“ на Саутемптон му платија рекордни 75 милиони фунти, а Ван Дијк тврди дека тоа е смао комплимент за неговата работа.

„Таа висока цена не ме прави вознемирен и нервозен, таа е комплимент за мојата напорна работа, која ја завршив до сега. Клубот кој ме плати смета дека вредам толку, јас не можам да променам ништо“, изјави Холанѓанецот.

За Ван Дијк беа заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата, а тој сега откри зошто го избрал токму Ливерпул.

„Историјата на клубот, фановите, играчите, менаџерот, се тука е неверојатно. Атмосферата на Енфилд е единствена. Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој клуб“, истакна најскапиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…