Дома Фудбал Англија Ван де Бек му даде отказ на агентот, сака трансфер во јануари

Ван де Бек му даде отказ на агентот, сака трансфер во јануари

Играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е уморен да чека шанса да стигне до првиот тим на „црвените ѓаволи“.

Ван де Бек не може да го убеди Солскјер да добива поголема минутажа. Минатата сезона настапи само на 19 меча во Премиер лигата, а од почетокот на сезоната одигра само 6 минути.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандски медиуми откриваат дека Ван де Бек му врачил отказ на својот агент Гидо Алберс, кој не успеа да му договори трансфер во летниот преоден рок.

Ван де Бек ја прекинал соработката со него и ангажирал човек од кого побарал да му обезбеди нов ангажман уште во јануари.

„Телеграф“ открива дека Ван де Бек потпишал соработка со Али Дурсун, познатиот фудбалски агент кој е претставник на Френки де Јонг од Барселона и сигурно ќе ја промени средината во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…