Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Се уште не сум во формата во која посакувам

Ван Дајк: Се уште не сум во формата во која посакувам

Дефанзивецот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк истакна дека се уште не ја достигнал вистинската форма и дека работи на тоа.

Ван Дајк минатата сезона се здоби со тешка повреда на коленото и скоро една година се рехабилитираше. Сезонава ги одигра сите натпревари за Ливерпул, но како што вели се уште не е во посакуваната форма.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Не сум ја достигнал се уште најголемата форма. Добро се чувствувам и физички и на теренот, но на сите им е јасно дека поп овредата на коленото и долгото отсуство треба да време за да се вратите во вистинската форма. Телото на секој е различно, па и закрепнувањето со тоа не е исто. Задоволен сум како напредувам, но како што кажав не сум во топ форма“, изјави Ван Дајк.

Викендов Ливерпул го чека големото дерби против Манчестер Сити кое на програмата е утре од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…