Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Пред 285 дена тргнав на пат за враќање на теренот, соиграчите цело време ми даваа енергија

Ван Дајк: Пред 285 дена тргнав на пат за враќање на теренот, соиграчите цело време ми даваа енергија

Ливерпул вчера играше пријателски натпреар против Херта кој го изгуби со 4:3.

Посебно за „црвените“ во овој натпревар беше што после долга пауза на теренот истрача Ван Дајк, покрај него кам-бек имаше и Џо Гомез.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двајцата се вратија после пауза и долг процес на закрепнување. Сега ги чека процес да се вратат во посакуваната форма. Ван Дајк после натпреварот имаше емотивна порака.

„Пред 285 дена тргнав на пат кој ме врати на теренот .Тешко ми е да кажам како се чувствувам, но за мене беше важно што ме поддржа неверојатни луѓе. Моите соиграчи цело време ми даваа енергија, ја држам главата исправено, благодарен сум и на моето семејство затоа што без нив никаде не би стигнал“, порача Ван Дајк.

Треба да се спомене дека два гола во овој натпревар постигна Стеван Јоветиќ кој дебитираше за германскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…