Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк тврди дека знае како да го запре напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Холанд на претстојниот дерби од 11. коло на Премиер лигата.
Халанд оваа сезона постигна 20 гола на 13 натпревари за Сити во сите натпреварувања. Во Премиер лигата на девет натпревари постигна 15 голови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Дефинитивно не е лесно да се игра против Халанд, кој е во неверојатна серија. Нема што да се додаде. По Суперкупот многумина го отпишаа, но уште тогаш кажав дека ќе биде кошмар за противничките одбрани. И сега тоа го покажува во континуитет, и јасно е дека во тим како Сити ќе има шанси за голови“, изјави Ван Дајк.
Тој истакна дека играчите на Ливерпул мора да ги запрат топките, кои одат кон норвешкиот напаѓач.
„Мораме да се браниме на највисоко ниво и да бидеме добри. Тоа секогаш мора да го правиме против Сити, така што оваа недела нема да биде поинаква. Со нетрпение го очекуваме и ова дефинитивно нема да биде судир меѓу мене и него, туку меѓу нас и нив. Сакаме да ги спречиме да постигнуваат голови, без разлика кој е на теренот. И знаеме дека Халанд е навистина добар“, заклучи Ван Дајк.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити се игра во недела од 17:30 часот на стадионот „Енфилд Роуд“.