Дома Фудбал Англија Ван Дајк објасни зошто не го славел првиот гол на Ливерпул против Сити

Ван Дајк објасни зошто не го славел првиот гол на Ливерпул против Сити

Ливерпул во неделата на „Енфилд“ во големото дерби го победи Манчестер Сити со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените“ до водство стигнаа уште во 6-тата минута кога Фабињо погоди со удар од далечина, тогаш разбирливо следуваше големо славје на навивачите на овој клуб. Само 20-тина секунди претходно Трент Александер Арнолд играше со рака во својот шеснаесетник, а играчите на Сити бараа пенал.

Поради тоа Ван Дајк беше единствениот фудбалер на Ливерпул кој не го прослави голот и чекаше потврда од ВАР дека се е регуларно.

„Сега знаете дека за секој гол морате да почекате пред да славите, па затоа и јас не славев. На крај ВАР за наша среќа го потврди голот“.

„Мислам дека видов како Бернанрдо Силва прв игра со рака, а можеби и Трент ја удри. Што да кажам? Може многу да се зборува, меѓутоа ако ВАР потврди тогаш морате да ја прифатите таа одлука каква и да е“, изјави стоперот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го чека уште една турбулентна сезона: Реконструкцијата само што започнува, а Слот е пред тежок предизвик

Ливерпул се наоѓа пред големи промени. „Црвените“ минатото лето потрошија речиси половина …