Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Нема причина за стрес и паника!

Ван Дајк: Нема причина за стрес и паника!

Грешките во одбраната на Ливерпул против Вест Бромвич не се причина за загриженост, тврди најскапиот дефанзивец, Вирџил Ван Дајк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул испушти предност од два гола против ВБА, па фановите стравуваат дека тоа може да се случи и против Рома во Лигата на шампиони.

„Не сум загрижен. Нема причина за стрес и паника Тие се бореа за своите животи и беа многу директни. Ние не се справивме како што требаше. Треба да се рехабилитирамеи да се фокусираме на натпреварот со Рома“, тврди Ван Дајк.

„Ние сме должни да ги правиме работите како што ги правевме досега. Сè ќе биде добро, имаме одлична можност да запишеме добар резултат“, изјави холандскиот репрезентативец.

Утре Ливерпул ја пречекува Рома на „Енфилд“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кукуреља ќе игра за Реал ама го избра Меси пред Модриќ (Видео)

Марк Кукуреља (27) е лев бек на шпанската репрезентација и на Реал. Официјално беше објаве…