Дома Фудбал Англија Ван Дајк испрати совет до новиот најскап дефанзивец во фудбалот

Ван Дајк испрати совет до новиот најскап дефанзивец во фудбалот

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк го предупреди новиот играч на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер дека титулата најскап дефанзивец во светот со себе носи и дополнителен притисок.

Англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ пристигна од Лестер за рекордни 80 милиони фунти. На тој начин Мегваер стана најскапиот дефанзивец во историјата, рушејќи го рекордот кој го држеше Ван Дајк.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Му посакувам среќа. Не би зборувал премногу за титулата најскап дефанзивец. Можам да кажам само дека таа титула со себе носи одреден притисок, но тоа често ќе се менува бидејќи трансфер пазарот функционира на таков начин. Хари немаше никакво влијание на тоа“.

„Титулата како што кажав носи притисок, но и онака кога играте во Манчестер Јунајтед имате притисок бидејќи од вас секогаш се очекува да бидете на највисоко ниво, така е во големите клубови. Јас би го советувал да не се оптеретува туку само да се сконцентрира на она што најдобро го знае – да игра и да ужива“, изјави Ван Дајк.

Ливерпул новата сезона ќе ја започне во петок со натпреварот против Норвич, додека Јунајтед го очекува натпревар против Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…