Дома Фудбал Англија Ван Дајк го објасни генијалниот потег за кој зборува цела Англија (видео)

Ван Дајк го објасни генијалниот потег за кој зборува цела Англија (видео)

Ливерпул со многу мака и доста среќа го победи Тотенхем со резултат 2:1 и на тој начин ја продолжи битката со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.

Меѓутоа, можеше да биде сосема поинаква ситуација, бидејќи Тотенхем при резултат 1:1 имаше чиста шанса за победа. Во финишот „црвените“ тргнаа по победа и оставија доста простор за контранапади.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобрата шанса ја имаше Сисоко во 85-та минута, но не успеа да постигне гол и тоа благодарение на генијалниот потег на Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот ја следеше акцијата, но не го нападна Сисоко, туку го бранеше просторот на Сон и со тоа го примора Французинот да шутира со лева нога.

„Видов како Сисоко оди према голот и знаев дека е десничар. Го штитев Сон бидејќи тој обично ги завршува таквите ситуации, па одлучив дека е подобро него да го затворам. Сисоко го пуштив бидејќи знаев дека многу се мали шансите да постигне гол со лева нога“, објасни Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп потврди: Манчестер Сити без Халанд во еден од најважните натпревари во сезоната

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготв…