Ливерпул вчера претрпе пораз од Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Актуелниот лидер во Премиер лигата и бранител на европскиот трон не се снајде на „Ванда Метрополитано“. Во овој натпревар „црвените“ не успеаа да испратат ниту еден удар кон голот на Облак. Вакво нешто на тимот предводен од Клоп му се случува втор пат првиот беше против Наполи во октомври 2018.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ван Дајк смета дека Атлетико среќно стигнал до водство кое потоа им ги олеснило работите.
„Очекувавме голема битка на теренот. Не ни помогна тоа што рано примивме гол. Голот не беше ниту од некоја шанса, имаа многу среќа. Во поголемиот дел од натпреварот ја имавме топката, меѓутоа не успеавме да креираме големи шанси. Сепак, пред нас се уште 90 минути во кои можеме да ги поправиме работите“, изјави Ван Дајк.