Во медиумите секако е актуелно прашањето кој би можел да го наследи Унаи Емери на клупата на Пари Сен Жермен, сите светски медиуми му даваат „нула“ проценти шанси дека и наредната сезона ќе биде во Париз.
Помеѓу потенцијалните кандидати можеше да се прочита и името на Луис Ван Гал кој доби и директно прашање на кое даде одговор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот потенцираше дека не би можел да биде тренер на „светците“ поради францускиот јазик.
„Да се биде тренер на клуб каков што е ПСЖ е навистина голема работа, но јас не би можел да ја извршувам таа функција. Воопшто не зборувам француски и ќе морам да учам, а имам голем проблем со тој јазик. За мене добрата комуникација на тренерот и играчите е најважното нешто“, изјави Холанѓанецот.