Дома Фудбал Останато Ван Гал во емисија призна дека боледува од тешка болест: Поминувам низ најтешкиот период…

Ван Гал во емисија призна дека боледува од тешка болест: Поминувам низ најтешкиот период…

Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Луис Ван Гал ги остави гледачите на една холандска телевизија без текст кога соопшти дека боледува од тешка болест.

Легендарниот тренер призна дека боледува од рак на простата и дека за жал тој е веќе во поодминатата фаза и што е најлошо е агресивен. Ван Гал веќе некое време знае дека ја има тешката болест, но криел од своите играчи. Меѓутоа ситуацијата сега станала сериозна и одлучил да открие.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Имам рак на простата. На играчите се уште не сум им кажал. Кога ќе ги видат моите румени образи сите мислат дека сум здрава личност, но за жал тоа не е случај. Поминувам низ најтешкиот период од животѕот, но така требало да биде. Сето ова е дел од животот“, изјави Ван Гал.

Откри Ван Гал и дека веќе чест „гостин“ во болницата и дека имал 25 зрачења. Во болница одел само во ноќните часови за никој од играчите и новинарите да не сфатат што се случува.

Холандските медиуми сега пренесуваат дека Ван Гал е свесен дека ситуацијата е многу тешка и дека за жал во секој момент може да не напушти, па затоа јавно одлучил да каже дека е болен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aморим си замина, а на Спортинг му се случи – катастрофа!

Спортинг од Лисабон едноставно повеќе не е истиот тим од кога замина Рубен Аморим. “…