Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Марко ван Бастен има само пофални зборови за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот смета дека Халанд е подобар од Роберт Левандовски, кој минатата година беше избран за најдобар фудбалер во Европа.
Норвежанецот ги собори сите редкорди во Борусија Дортмунд и оваа сезона има постигнато 17 гола на 17 средби во Германија и 8 гола на 5 меча во ЛШ.
„Мислам дека Халанд е подобар од Левандовски. На тие години тој е еден од најдобрите во светот. Халанд има голем потенцијал и може да се развива многу повеќе. Многу е интелегентен, има добра техника и постигнува мнпгу голови. Навистина е неверојатен“, изјави Ван Бастен.