Дома Фудбал Ван Бастен: Не знам колку Депај е добар за Барселона

Ван Бастен: Не знам колку Депај е добар за Барселона

Марко Ван Бастен важи за еден од најдобрите голгетери на сите времиња.

Кариерата Ван Бастаен ја помина во редовите на Ајакс и Милан, а со успех настапуваше и за репрезентацијата на Холандија. Сега тој го коментираше најголемото засилување на Барселона во летниот преоден рок, Мемфис Депај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона имаше финансиски проблеми, но сепак си го дозволи Депај. За Ван Бастен сепак, тој не е доволно добро засилување.

„Се сомневам дека Мемфис во целост ќе се прилагоди во Барселона. Тој е добар играч, но повеќе е индивидуалец. Прави нешто кое си го замислил и се држи само до него. Кога играте во тим како Барселона потребно е топката да се додава. Затоа не знам колку е добар за Барса“, изјави Ван Бастен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…