Дома Фудбал Останато Ван Бастен за новото засилување на Јунајтед: Тој не вреди ни приближно до 100 милиони

Ван Бастен за новото засилување на Јунајтед: Тој не вреди ни приближно до 100 милиони

Легендата на Ајакс и на европскиот фудбал, Марко ван Бастен, смета дека Манчестер Јунајтед го преплатил новото засилување Ентони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ преговараа во текот на целото лето и на крајот платија неверојатни 100 милиони евра за потписот на Бразилецот.

Легендата Ван Бастен, кој одлично го познава холандското првенство, смета дека Ентони не вреди ни приближно.

„Тој не вреди 100 милиони, ниту приближно. Уште се нема докажано. Има нешто, одигра неколку многу добри натпревари, но ефикасноста не му порасна во последните две години и често ја губи топката. Сака да дрибла, а греши во 7 од 10 обиди“, изјави Ван Бастен.

Ентони пред две години пристигна во Ајакс од Сао Паоло, во трансфер кој изнесуваше 16 милиони евра. За холандскиот клуб одигра 82 натпревари, постигна 24 гола и забележа 22 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…