Дома Македонски спорт Мак фудбал Ванчо Мицевски е новиот спортски директор на Пелистер

Ванчо Мицевски е новиот спортски директор на Пелистер

Maкедонскиот прволигаш Пелистер од неодамна повторно е капата на Општина Битола, тимот започна со подготовки, а со него ќе раководи фудбалската легенда Ванчо Мицевски.

Цела сезона Пелистер се мачи со финансиите, во последен момент почна и со летните подготовки, едвај се собра тим за да се натпреварува во македонската прва лига. Таквата ситуација се одрази и на резултатите и Пелистер после првиот дел од сезоната е последен на табелата без победа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Сите знаеме дека ќе биде многу тешко, затоа што навистина заостануваме и со бодови и со време, доцниме, пола екипи се веќе заминати на подготовки во странство, а ние сега почнуваме да работиме. Не се откажуваме од борбата за опстанок, ќе пробаме, ќе дадеме се од себе, чесно ќе ја одиграме пролетта, а и во Купот сме во полуфинале, максимално ќе се трудиме да дојдеме до резултати. Најтешкото е што прво треба да ја вратиме довербата во клубот. Прво, со финансии од општината, потоа, знаеме дека тоа е процес на градење клуб и доверба, значи ни треба еден период, каде што би ги покажале нашите резултати. Овој стадион ќе биде готов за две три години и ќе биде место каде ќе може да се играат европски натпревари, а ние во тој период од три до четири години, мислиме да го направиме Пелистер, подготвен да се натпреварува во Европа“, изјави Мицевски.

Покрај Мицевски кој ќе биде првиот оперативец се најавува и враќање на Митко Стојкоски и Тони Мицевски. Ваквите најави во јавноста се дочекани еуфорично и со очекувања за подобар Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…